Направен план како би изгледал стадион што ќе собере МИЛИОН гледачи (Фото)

Легендарниот стадион „Камп ноу“ е најголем во Европа со капацитет од 99.354 гледачи, додека „Вембли“ во Лондон со 90.000 гледачи е на второто место на Стариот Континент според капацитетот.

Во светски рамки, во Мелбурн има стадион со 100.024 седишта, стадионот во Мичиген во САД собира 107.000 гледачи додека за најголем стадион во светот се смета тој во Северна Кореја со 114.000 гледачи.

Сите овие стадиони би биле „играчка“ доколку некогаш се оствари идејата на познатиот американски скулптор Пол Фајфер, кој направи макета за тоа како би изгледал стадион што ќе има капацитет од 1.000.000 гледачи. Тоа значи дека тој стадион би бил дури 10 пати поголем од тоа што е „Камп ноу“ во моментов.

Оваа макета со стадион од милион гледачи во моментов е во Бразил, во центарот за современа уметност „Инхотим“ во Бело Хоризонте.

- Оглас -

Најнови вести