Листа на најпопуларни спортови во светот: Ракометот е неверојатно слабо рангиран

Вечна дилема кај спортистите е тоа кој спорт е попопуларен во светски рамки. За да се разреши дилемата „Тотал Спортек“ реши да направи листа на најпопуларни спортови во светот.

Во рангирањето се пресметани 13 фактори и тоа: 

Глобална распространетост и публика,

Телевизиска гледаност,

Бројот на професионални лиги во светски рамки,

Телевизиските права,

Договорите и спонзорствата,

Просечната плата во најсилните лиги,

Најголема конкуренција (број на држави во кои на високо ниво се игра спортот),

Присуството на друштвените мрежи, Промоција на спортот низ социјалните мрежи,

Промоција на спортот во медиумите и застапеноста на насловните страни,

Колку долго постои тој спорт,

Регионална доминација,

Целосна рамноправност,

Достапноста на спортот низ целата планета.

Кога ќе се соберат сите овие фактори, апсолутно најпопуларен спорт во светот е ФУДБАЛОТ. Фудбалот има повеќе од четири милијарди следбеници и речиси по сите фактори е на прво место во светот.

Зад фудбалот следи кошарката, која секако е најпопуларна во САД, каде и се игра најквалитетната кошарка, во НБА лигата. На трето место е крикетот. Иако во Европа малку се знае за овој спорт, тој е веднаш зад фудбалот и кошарката. Во топ 10 спортови во светот се наоѓаат уште: тенис, атлетика, рагби, формула 1, бокс, хокеј на мраз и одбојка.

Интересно е што ракометот кој е еден од најпопуларни спортови во Македонија а секако и еден од најуспешните, го нема ниту во најпопуларните 20 спортови. Според рангирањето, од 11 до 25 место на оваа листа следуваат: голф, бејзбол, американски фудбал, ММА, Мото ГП, хокеј на трева, бадминтон, велосипедизам, пливање, снукер, пинг-понг, гимнастика, ракомет, борење, скијање и јавање.

 

- Оглас -

Најнови вести