Направи пенал, асистираше со пета, даде гол, и сето тоа за едно полувреме (Видео)

Французинот Вили Боли стана првиот играч на Вулверхемптон во последните десет сезони кој на еден ист натпревар имал гол, асистенција и направен пенал. Подвигот на Боли е голем затоа што сето ова му успеа за само едно полувреме, во денешниот дерби меч со соседот Вест Бромвич Албион.

Стадионите на Волците и ВБА се на само 18 километри еден од друг, а Боли најпрвин направи пенал по кој тимот од Бирмингем поведе, но потоа се извади со прекрасна асистенција со пета со Фабио Силва кој даде прв гол на „Молињу“ како играч на Вулфс. Да биде впечатокот комплетен, Боли се погрижи со голот за водство од 2-1 по првото полувреме. Во моментов резултатот е 2-2.

Ова е голот на Боли:

https://twitter.com/i/status/1350432219970547713

- Оглас -

Најнови вести