Направи трансфер и доживеа ноќна мора во новиот клуб: Прво го нападнаа, па му го запалија автомобилот

Само неколку недели откако направи трансфер во екипата на Брест, младиот дефанзивец Ронал Пјер-Габриел има кошмари. Играчот кој кариерата ја започна во Сент-Етјен, а потоа играше и за Монако, во август 2019 година потпиша за германскиот Мајнц.

Пјер-Габриел одигра само осум меча во Бундеслигата, а откако не се наметна во првиот состав, беше даден на позајмица. Дефанзивецот повторно беше вратен во Франција, и тоа во екипата на Брест. Неколку недели по трансферот, играчот се најде во неочекувани проблеми.

Во понеделникот Пјер-Габриел прво бил нападнат, а потоа бил запален и неговиот автомобил.

„Во една населба во Брест, Пјер-Габриел беше жртва на физичко насилство. Има видливи повреди. Потоа насилството продолжило и кон неговиот автомобил, кој бил запален. Брест ги осудува овие инциденти и дава целосна поддршка за фудбалерот. Во град каде што навистина ретко се случуваат вакви инциденти, жално е тоа што му се случи на Пјер-Габриел, и тоа само две недели откако ѝ се приклучи на екипата“, стои во сооштението на Брест.

Од клубот најавија дека се надеваат полицијата да ја заврши работата и да ги уапси криминалците.

- Оглас -

Најнови вести