Нашиот историски успех предизвика нереди во Тбилиси (видео)

На историскиот пласман на Европското првенство во фудбал му се радуваше и уште му се радува секој граѓанин на Македонија, но сосема различни се емоциите во Тбилиси. Грузија, исто така се бореше за прв пласман на едно големо натпреварување, меѓутоа Горан Пандев нив им го урна сонот, а нам ни го исполни.

Поради тоа, навивачите на Грузија не го поднесоа поразот спортски, па бараат виновник за претрпениот неуспех, барајќи одговорност од нивната фудбалска федерација. Толпа лути навивачи денес се собраа пред зградата на Грузиската федерација, при што тргнаа физички да се пресметуваат со неколку членови од државната фудбалска куќа.

- Оглас -

Најнови вести