Нашиот репрезентативец во турскиот топ-10 – Елмас има една мана, тешко погодува

Елиф Елмас игра одлично во втората сезона во Фенербахче, за него се интересираат големите клубови во Европа, но според педантните турски аналитичари има една мана. Тешко погодува, иако често шутира кон противничките голови.

Во турското првенство досега Елиф има упатено точно 38 удари во рамките на голот и има постигнато два гола, што е ефект од само пет посто успешност.

Со таков улинок се наоѓа во Топ-10 и тоа на деветтото место на играчи кои имаат најмалку 35 директни удари, а постигнуваат малку голови.

Убедливо прв е турскиот репрезентативец Јусуф Јазичи, кој игра за Трабзонспор, а од неверојатни 59 удари кон голот на противниците успеа само еднаш да погоди. Тука не се сметаат ударите од белата точка. Само Фенербахче има двајца играчи во Топ-10.

Покрај Елмас на листата е и Ислам Слимани со 37 удари и само еден гол. Слимани разочара сезонава во дресот на турскиот гигант и веројатно ќе биде продаден.

 

 

- Оглас -

Најнови вести