Нашиот женски ракомет има златни девојки, У-17 тимот освои титула на ЕХФ шампионатот

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години, го освои ЕХФ шампионатот, со победата од 27-26 над Исланд во финалето во литванскиот град Клаипеда. Ова значи дека јуниорките во следното издание, ќе играат на главното ЕП во оваа генерација.

Финалниот дуел против Исланѓанките беше неизвесен, но во последната минута се влезе со три гола предност за македонскиот тим и беше јасно кој ќе триумфира и ќе ја добие премијата.

Теодора Дукоска со 11, Емилијана Ризоска со 7 и Бојана Коцева со 5 гола, беа најрасположени во нападот на нашата селекција, која во финалето на клупата беше без селекторот Љубомир Савевски кој доби црвен картон во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести