Наследникот на Хабиб, го „задуши“ противникот и сега атакува на УФЦ титулата (Видео)

Ислам Махачев, познат како наследникот на Хабиб Нурмагомедов, уште еднаш го потврди квалитетот во УФЦ борбите. Ислам го победи Бразилецот Тијаго Моисес и тоа со „гушење“ на противникот во четвртата рунда.

За Дагестанецот ова беше 20 победа во 21 меч во УФЦ во лесна категорија. Единствениот пораз го има во 2015 година од Адријан Мартинес, а од тогаш реди само победи.

https://youtu.be/fHWxtrv_jac

Хабиб Нурмагомедов кој кариерата ја заврши со 30 победи без ниту еден пораз, сега е тренер на Ислам и верува дека говиот пулен најдоцна до 2022 година ќе биде новиот првак во лесна категорија во УФЦ.

„Добро се сеќавам дека татко ми мѝ рече дека Ислам ќе биде мојот наследник. Тој ќе биде најдобриот на свет. Ова е негово време“, вели Хабиб, кој додаде дека актуелниот првак Дастин Појре треба да се плаши од Ислам.

 

- Оглас -

Најнови вести