Наследниците на Чави и Иниеста ги „задолжија“ легендарните броеви

Бетис и Барселона во овие моменти го играат заостанатиот натпревар од 17-тото коло во Ла Лига, а на теренот се двете млади ѕвезди на каталонскиот тим, Педри и Гави, кои од вечерва на својот грб ги носат бројките на легендарното дуо од златната генерација на Барселона, Чави Ернандез и Андрес Иниеста.

Имено, Гави од вечерва одлучи дресот со број 30 да го замени со бројот 6, кој во минатото му припаѓаше на сегашниот тренер на Барселона, Чави.

Гави од претходно ја задолжи „осумката“, која ја носеше Иниеста кога Барселона освои три титули во Лигата на шампионите.

Ова е одличен маркетиншки потег на Барселона бидејќи сите ги сметаат Гави и Педри за наследници на Чави и Иниеста.

- Оглас -

Најнови вести