Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија поради косовско знаме имал и трето полувреме во кое летале боксови меѓу навивачите (Видео)

Репрезентацијата на Србија го заврши настапот на Светското првенство во Катар по вчерашниот пораз од Швајцарија во тензичен натпревар, а тензично беше и на трибините каде навивачите имаале „трето полувреме“ во кое дошло до физичка пресметка.

Тензии имаше и меѓу навивачите, српските фанови реагираа до обезбедувањето на стадионот „974“ се појавија навивачи со косовско знаме.

Српските навивачи на влезот на стадионот се обидоа да се пресметаат со навивачите кои го носеа косовското знаме, падна неколку боксови, но за среќа редарите спречија поголем инцидент.

Дуелите меѓу овие две репрезентации речиси секогаш се тензични бидејќи клучни играчи на Швајцарија се Гранит Џака и Џердан Шаќири кои се со албанско потекло.

Швајцарија пред четири години ја победи Србија на Светското првенство во Русија, кога фудбалерите со потекло од Косово ги прославија головите против Србите правејќи орел со рацете и оттогаш тензиите се големи кога играат овие две репрезентации.

И вчерашниот натпревар не помина без провокации, едни на други си ја покажуваа онаа работа, а во финишот беше избегната масовна тепачка на теренот откако српските фудбалери наседнаа на провокацијата на Џака.

- Оглас -

Најнови вести