Науката одреди кои спортови се најбезбедни од зараза на коронавирусот

Олимпискиот комитет на Италија, КОНИ, заедно со Министерството за спорт на Италија, во соработка со научни институции, направија една студија, според која е направено рангирање на спортовите кои носат најголем ризик од зараза.

Оваа студија може да биде упатство за сите земји, а спортовите се поделени во четири групи.

Спортови кои се најбезбедни и ризикот е речиси нула, се едрење, пливање на отворени води, голф и тенис. За тенисот, има одредени правила кои се препорачуваат како носење очила и ракавици, плус избегнување на ситуација двајцата да се истовремено на мрежа. И во следната категорија 1, се индивидуални спортови, како на пример атлетика.

Од колективните спортови, најмал ризик има ватерполото, кое се игра во хлорирана вода, и таа може да го онеспособи вирусот.

Во третата категорија е фудбалот, додека најопасни во спортови во сала како кошарка, одбојка и ракомет. Во кошарката и ракометот има многу контакт, и просторот е помал, а кај одбојката ризикот е што акциите се одвиваат на мрежа и играчите се блиску едни до други.

Затоа, за колективните спортови се препорачува тестирање на 48 маса пред секој натпревар, и мерки од типот на носење маски на клупите за резерви и дезинфекција на сите реквизити.

Најзагрозени спортови од четврта категорија се и сите боречки спортови.

- Оглас -

Најнови вести