Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, а ќе го наследи Дарко Каевски, кој си заминува, бидејќи стана пратеник во Собранието на Република Македонија.

Мојсоски е познат поранешен ракометар и репрезентативец на Македонија, со настапи и на европски и на светски првенства, но и со учество и во Лигата на шампионите во најдобрите денови на Металург.

Досега стружанецот беше претседател во Комисијата за спорт во СДСМ, а сега ќе има нова многу позначајна функција.

Како ракометар настапуваше за двата големи скопски ривали Вардар и Металург, а кариерата ја заврши во романскиот ЧСМ Букурешт пред четири години.

- Оглас -

Најнови вести