Навивач на Фенербахче почина од радост после победничкиот гол против Галатасарај (Фото)

Приврзаник на Фенербахче почина синоќа по победничкиот гол на својот омилен тим во градското дерби против Галатасарај во судикското продолжение.

Фенербахче губеше со 0-1, но направи пресврт, и тоа со човек помалку. Во 94-тата минута, Португалецот Мигел Креспо донесе голема радост за милионите фанови на Фенер.

Ахмет Ујсал, кој имал 60 години, го гледал мечот во кафеана во Алашехир, гратче на стотина километри од Измир. Неговото срце не можело да ја издржи радоста од вториот гол и Ахмед се струполил на земјата, а малку подоцна починал во болница.

„Кога Фенербахче, клубот кој чичко ми толку многу го сакаше, даде гол во последните секунди, тој падна на земја. Го однесовме во болница, но не го спасија, не издржа срцето, емоцијата му беше пресилна“, раскажува неговиот внук Ерџан, кој е сопственик на кафеаната.

- Оглас -

Најнови вести