Навивач на Спортинг се „искрши“ паѓајќи од голема висина при прослава на гол

Еден навивач на Спортинг Лисабон се здоби со повеќекратни скршеници, откако падна од горната на долната трибина на „Жозе Алваладе“ за време на дербито на Лавовите од Лисабон против Порто. Според информациите од Португалија, несреќата се случила веднаш после голот во 16-та минута со кој Спортинг поведе со 1-0.

Откако навивачот падна на долниот кат, околу него се собраа медицински лица, пожарникари и редари.

Од Спортинг објавија соопштение во кое објаснија дека навивачот со носила од клубот е изнесен од трибината и пренесен во болница.

Средбата заврши 1-1, за задоволство на Бенфика, која сега на двата главни ривали за титулата им бега по четири бода после пет одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести