Навивач нокаутира девојка и предизвика хаос на трибините на натпревар од НХЛ лигата (Видео)

Натпреварите во хокеј на мраз често дополнително ја погреваат атмосферата со тепачки меѓу самите хокеари, но, на натпреварот од НХЛ лигата меѓу Аризона којотс и Бостон бруинс, навивачите на трибините беа во главната улога кои предизвикаа тепачка во која учествуваа десетина фанови.

Се започна така што навивачите на двата тима се измешаа на трибините и според видеото што е објавено на социјалните мрежи може да се види дека прво доаѓа до туркање меѓу навивач и навивачка по што мажот со бокс ја удри девојката која падна на подот.

Потоа се вмешаа и останатите навивачи, а ќотек си доби и мажот кој ја удри девојката, за на крајот обезбедувањето да ги смири страстите.

- Оглас -

Најнови вести