Навивач падна во несвест, а Синер покажа дека не само што е добар тенисер, туку и добар човек (Видео)

Јаник Синер без проблеми се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Мајами, но освен победата над Кристофер О’Конели со 6:4, 6:3, овој меч ќе се памети и по еден хуман гест на италијанскиот тенисер.

Во еден момент дуелот беше прекинат поради немила сцена на трибините. Еден навивач ненадејно се онесвести, а причина за тоа е топлото време во Мајами. Само што виде дека некому во публиката му е потребна помош, Синер извади дел од своите ладни напивки (вода и протеински сок) и им ги даде на гледачите за побрзо да дојдат до навивачот кому му беше потребна помош и освежување.

https://twitter.com/i/status/1772725982350242166

Без проблеми во четвртфиналето се пласира и Карлос Алкарас, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3) беше подобар од Италијанецот Лоренцо Мусети. Следен ривал на Алкарас ќе биде бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој по големата борба што траеше два часа и 40 минути, беше подобар од Хуберт Хуркач со 6:3, 3:6, 7:6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести