Навивач во Албанија влета на терен, падна како покосен и на шмекерски начин ја запроси докторката (Видео)

Навивач од Тирана стана хит на социјалните мрежи поради начинот на кој ја запроси својата девојка.

Тој во еден момент одлучи да влета да теренот со однапред смислен план, иако многумина помислија дека се избламира, откако во еден момент се сопна и почна да симулира повреда.

Веднаш пристигна обезбедувањето, но и медицинскиот тим на ФК Тирана, меѓу кои беше и една докторка.

Во тие моменти, навивачот стана, клекна на колено, извади прстен и ја запроси докторката, која му е девојка.

На воодушевување на сите навивачи на стадионот, нејзиниот одговор беше Да.

 

- Оглас -

Најнови вести