Навивач ѕиркаше низ клучалката и имаше зачудувачки добар поглед (Фото)

Навивач на бразилскиот второлигаш Пиракикаба од Паулиста А2 лигата гледаше натпревар на својот омилен тим иако не е дозволено присуство на публика на трибините. Тој по секоја цена беше решен да го гледа мечот и тоа го направи седнувајќи на камен и ѕиркајќи низ клучалката од влезот на стадионот.

Снаодливиот навивач имаше среќа бидејќи низ малиот отвор можеше да го види речиси целиот терен и непречено ја следеше средбата против Пенаполенсе.

Инаку, Жоао Сабија не е само навивач, туку и работи во клубот како помошен кондициски тренер во младинските категории. Вели дека клубот Пиракикаба е негов живот, а поради незгодната поза при гледањето, имал проблеми со грбот и нозете, портата била вжештена од топлото време, па се изгорел, но вредело. Неговиот тим победи со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести