Навивачи на АЕК палеа израелски знамиња, полицијата не реагирала бидејќи било „премногу опасно“ (Видео)

Навивачите на АЕК Атина го одбележаа натпреварот од кошаркарската Лига на шампионите на ФИБА меѓу нивниот тим и Хапоел Ерусалим палејќи израелски знамиња, а полицијата не реагираше.

Според израелските медиуми, веднаш откако навивачите на Хапоел влегле во салата во Атина, кон нив биле фрлани петарди и други предмети и притоа запалија израелски знамиња и на својата трибина поставија палестинско знаме. Гостинските навивачи одговорија со факели, но домашните фанови беа далеку поопасни.

https://twitter.com/i/status/1646202810495647774

https://twitter.com/i/status/1646193910996258817

Судиите неколку пати го прекинуваат натпреварот поради дивеењето на навивачите, а наводно била побарана интервенција од грчката полиција, која одбила да реагира бидејќи проценила дека ситуацијата била „премногу опасна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести