Навивачи на Евертон го украдоа шоуто на дербито на „Етихад“ (Фото)

Додека долу на терен се играше премиерлигашкиот дуел Манчестер сити – Ливерпул, над стадионот „Етихад“ пролета авион кој носеше транспарент со порака „Премиер лигата=Корупција“, со потпис кратенка за фудбалскиот клуб Евертон.

Фановите на Карамелите од Ливерпул се незадоволни што нивниот клуб е казнет со одземање на 10 бодови и сега се во позиција да се борат за опстанок, па решија на ваков начин да изразат протест.

Иако и Манчестер сити е осомничен, за дури и многу потежок прекршок на финансискиот ферплеј од Евертон, засега Премиер лигата не се реши да ги казни Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести