Навивачите им се тепаа на автопат, играчите на терен едвај шутнаа на гол (Видео)

Бед Блу Бојс и Кохорта се пресметаа меѓусебе на автопат кон Загреб пред мечот меѓу Динамо и Осиек кој беше очајно лош.

Жешката предигра во која симпатизерите на двете екипи се гаѓаа со тврди предмети, за среќа мина без посериозни последици и повредени, а полицијата објави и дека нема приведени.

Потоа на терен играчите на Динамо Загреб и на Осиек одиграа досаден фудбалски меч без голови и со вкупно три шута во рамките на двата гола.

Шампионот на Хрватска, Динамо, го упати единствениот удар кон голот на Ивушиќ дури во 88. минута, а и гостите кои имаа можност со победа на Максимир да се пробијат на второто место што води во квалификации за Лигата на шампионите не беа многу заинтересирани за офанзива. Имаа цели два удари во рамките на домашниот гол што го бранеше Ливаковиќ.

Капитен на Динамо и на овој меч беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е најтрофејниот фудбалер во историјата на популарните модри.

Во отсуство на голови и шанси од мечот, ОВДЕ можете да ја погледнете пресметката меѓу навивачите на Динамо и на Осиек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести