Навивачите ја избраа тројката на Кецман за најмомент во историјата на АБА (Видео)

Колку долги може да бидат 0,6 секунди во кошарката, најубаво се сеќаваат навивачите на Цибона и Партизан, првите по лошо, а вторите по убаво. Тројката од голема далечина во последната секунда на Душан Кецман со која му донесе титула на Партизан е избрана од навивачите за најдобар потег во историјата на регионалната АБА-лига, во која од 2012 до 2018 година играше и МЗТ Скопје Аеродром.

Второто место го освои ситуацијата кога Маркус Вилијамс во полуфиналето во 2015 година на еден меч против Партизан даде 17 поени во низа.

Кецман во преполната загрепска „Арена“ приреди шок откако претходно, на 6 десетинки до крајот, Бојан Богдановиќ погоди тројка со која Цибосите беа убедени дека се шампиони и дека ја освоиле титулата, на теренот влетаа и навивачите и резервите. Но, семафорот покажуваше дека до крајот има 0,6 секунди, Партизан изведе аут од под својот кош, топката ја прими Кецман, кој веднаш очајнички ја исфрли и погоди луда и незаборавна тројка за триумф на Партизан. Тројката беше призната.

Погледнете ја неверојатната завршница на драмата во Загреб:

- Оглас -

Најнови вести