Навивачите му се налутија на Дончиќ кога го видоа како изгледа (Фото)

Во првиот претсезонски меч одигран во НБА-лигата, Лука Дончиќ покажа дека и во новата сезона ќе биде еден од најдобрите кошаркари во најсилната лига во светот. Дончиќ даде 13 поени за 16 минути поминати на теренот во дуелот против Милвоки, но навивачите му најдоа маана на Словенецот.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Дончиќ е во напад, а се забележува дека има „пуштено стомак“, односно дека има ставено неколку килограми повеќе.

До почетокот на сезоната во НБА-лигата има само уште една недела, време во кое Дончиќ треба да покаже дека ќе ја врати старата физичка подготвеност.

 

- Оглас -

Најнови вести