Навивачите на Ал-Наср со импресивна кореографија го пречекаа Роналдо, но од другиот дел на трибините се слушаше Меси, Меси (Видео)

Кристијано Роналдо денеска остана без можноста да го освои првиот трофеј во Саудиска Арабија бидејќи неговиот тим Ал-Наср загуби во полуфиналето на Суперкупот, но веќе може да се види какво е влијанието што го има врз популаризацијата на фудбалот во оваа земја.

Поразот на неговиот тим Ал-Наср од 3:1 од Ал-Итихад беше следен преку ТВ-екраните во целиот свет, а камерите посебно беа фокусирани на Португалецот, го следеа секој негов чекор, а навивачите му подготвија импресивна кореографија.

Но, свое шоу имаа и фановите на Ал-Итихад, кои во моментот кога официјалниот спикер го спомена името на Кристијано Роналдо, тие скандираа „Меси, Меси“ во обид да го испровоцираат Португалецот.

 

- Оглас -

Најнови вести