Навивачите на Арсенал го бараат Озил

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, во последните недели мака мачи со повреди на играчите, особено во одбранбената линија, но сега повредите почнаа да ги „напаѓаат“ и фудбалерите од средниот ред. Гранит Џака најверојатно нема да игра, како и Маитленд Нилс.

На „топчиите“ им е јасно дека мора да победат денеска ако сакаат да остамат во трка за место кое води во Лигата на шампионите. Навивачите на Арсенал во анекта гласаа дека турскиот Германец, Месут Озил, мора да биде во почетниот состав.

Играчот за врска е убедливо најскапиот играч на Арсенал според платата која ја земја, но не се изнаигра сезонава, има проблеми со повредите, како и лош однос со тренерот Емери. На многу фанови не им е јасно зошто Емери го избегнува Озил во првите 11, иако е свесен дека тој му е еден од најдобрите играчи. Дали Емери овојпат ќе ги послуша навивачите и сепак ќе го стави Озил во почетниот состав, ќе се види за неколку часа.

- Оглас -

Најнови вести