Навивачите на Астон вила се радуваа како да освоија трофеј во Лигаta на шампиони (Видео)

Астон вила со гол во 93-тата минута стигна до победа против Лестер и со тоа обезбеди пласман во финалето на Карабао купот. Тимот од Бирмингам ќе го чека подобриот од утрешниот реванш-меч меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Граѓаните играат на домашен терен и имаат убедлива предност од 3:1, што значи дека е на прагот за влез во финалето.

Ако за Сити е и очекувано да биде во финалето, тогаш ретко кој се надеваше дека Астон вила ќе биде таму. Тимот од Бирмингам одигра херојски реванш против Лестер, а по голот во 93-тата минута и последниот судиски свиреж, следуваше вистинска ерупција на трибините.

Навивачите втрчаа на теренот да прослават со своите миленици, а радоста беше поголема од таа како да освоиле трофеј во Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести