Навивачите на Бешикташ беа бркани и тепани низ улиците на Тирана (Видео)

Турскиот тим Бешикташ славеше со 0:2 на гостувањето кај Тирана во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции, но навивачите на турскиот тим нема по добро да го паметат гостувањето бидејќи беа бркани и тепани по улиците на албанскиот главен град.

https://twitter.com/i/status/1687221568206704641

Домашните навивачи ги напаѓаа гостинските фанови кои низ Тирана одеа во мали групи. Полицијата регистрира неколку тешки инциденти, но засега нема информации за тешки повреди на гостинските навивачи.

https://twitter.com/i/status/1687236003675656194

Мечот започна со задоцнување поради пиротехничкото шоу кое го приредија навивачите на Бешикташ, поради што судијата ги повлече фудбалерите на двата тима во соблекувалните додека не се смират тензиите на трибините.

- Оглас -

Најнови вести