Навивачите на Хадерсфилд не ја забораваат историјата

„Засекогаш Давид“ и „Никогаш нема да те заборавиме“ , беа само дел од паролите на навивачите на Хадерсфилд со кои се простија од Давид Вагнер, менаџерот кој преклани испиша историја и успеа да го внесе клубот од Јоркшир во Премиерлигата, за првпат во историјата.

И првата сезона беше добра, но оваа почна многу лошо за Хадерсфилд, екипа која го има фенерот во најсилната англиска лига.

Вагнер со взаемен договор го напушти клубот, но Американецот ќе остане засекогаш запишан во историјата на клубот, како менаџер со кој Хадерсфилд за првпат беше дел од англиската елита.

На местото на Вагнер пристигна Јан Сиферт.

- Оглас -

Најнови вести