Навивачите на Јунајтед се лутат: Не играше поради повреда, па си замина на одмор

Манчестер јунајтед беше аутсајдер во финалето од англискиот ФА куп против градскиот ривал Манечстер сити, но успеа да дојде до трофејот, откако победи со 2-1. Сепак, и покрај победата, навивачите на „црвените ѓаволи“ ѝ се налутија на својата ѕвезда, бидејќи прво не настапи на финалето поради повреда, а потоа додека другите го славеа успехот, тој со семејството замина на одмор.

Големиот број на критики на дреса на Каземиро, но и последните случувања со заминувањето на одмор, веројатно ќе го доведат на излезна врата од „Олд Трафорд“, без разлика дали Ерки тен Хаг ќе остане тренер или ќе дојде некој друг на негово место.

Летово во црвениот дел на Манчестер се подготвува голема реконструкција, а освен Каземиро, ќе си заминат уште неколку фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести