Навивачите на Јунајтед слават, капитенот фотографиран во ресторан кој се наоѓа на стадионот на идниот клуб

Навивачите на Манчестер јунајтед се подготвуваат за голема прослава, не поради некој голем резултатски успех или трансфер, туку поради капитенот Хари Мегваер кој речиси сигурно ќе си замине од „Олд трафорд“ уште овој месец.

По доаѓањето на Ерик тен Хаг за нов менаџер и Лисандро Мартинез како засилување во одбраната, Мегваер го загуби местото во првиот тим и се поретко добива шанса за игра, а кога ќе заигра често прави киксеви кои скапо ја чинат екипата.

Поради тоа зачестија шпекулациите дека Мегваер уште во овој преоден рок ќе замине од Јунајтед на позајмица, а денеска тој е фотографиран заедно со својото агент и тоа во ресторанот кој се наоѓа на стадионот не неговиот иден клуб.

Прво „Личфилд бар Ле Реве“ на официјалниот профил на Инстаграм објави фотографија од Мегваер, а потоа се појави нова фотографија, овој пат од дефанзивецот и неговиот агент како седат во ресторан кој е дел од стадионот на Астон Вила, за која медиумите шпекулираат дека ќе биде неговиот нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести