Навивачите на Катанцаро пред 16 години го најавија Коронавирусот (Фото)

Цела Италија деновиве е погодена со Ковид 19 типот на Коронавирусот, во карантин се милиони луѓе, стопирани се сите спортски натпревари, а во медиумите се појави еден транспарент од сезоната 2003/204 кој како уште пред 16 години фигуративно да го најави ова што се случува сега.

Во тоа време италијанскиот нисколигаш имаше одличен напаѓач кој немилосрдно ги тресеше мрежите на противниците, даде 19 гола во борбата за влез во Серија Б и се викаше Џорџо Корона.

Во негова чест, фановите на Катанцаро закачија транспарент на кој пишуваше „Инфицирани сме од Коронавирусот“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести