Навивачите на Лече порачаа: “Ние ги нарекуваме работите со нивното вистинско име“ (Фото)

Екипата на Лече успеа да надополни негатива од 0-2 на домашен терен против Милан и да остане непоразена, а на крајот им беше поништен и погодок за победа. Сепак, после натпреварот најмногу се зборува за транспарентот кој го истакнаа домашните навивачи на кој пишуваше: “Ние ги нарекуваме работите со нивното вистинско име: Во Газа се случува масакр над намоќните. Нема оправдување“.

Со ова тие испратија отворена поддршка за народото во Газа и Палестина, што наиде на одобрување од целиот стадион, но доби поддршка и во светски рамки од поддржувачите на Палестина и народот кој живее во Газа.

- Оглас -

Најнови вести