Навивачите на Лех се заканија: „Топка или олово“ (Видео)

Иако трибините на стадионите во Полска само делумно смее да бидат пополнети за време на фудбалските мечеви, на навивачите на Лех Познањ пред некој ден не им беше проблем да направат контроверзна кореографија со заканувачки транспарент.

Пред почетокот на дербито против Легија Варшава, навивачи на Лех истакнаа големо знаме со ликот на познатиот колумбиски наркобос Пабло Ескобар, кој беше убиен во 1993 година, а долу стоеше транспарент на кој пишува една „мудра мисла“ која ја има кажано Ескобар: „Топка или олово“ или во жаргон преведено, победа или смрт.

Тимот на Лех победи и тоа е среќна околност за нив. Утре Лех игра полуфинале во Купот со Лехија Гдањск и повторно ќе треба да „внимаваат“ како играат за да не си имаат проблем со вжештените глави.

- Оглас -

Најнови вести