Навивачите на Ливерпул негодуваат: Вратете ѝ ги дресовите на Рома!

Фудбалскиот клуб Ливерпул го објави изгледот на нивните дресови за следната сезона. Производителот „Најки“ подготви црвени дресови со бели амблеми и име на спонзорот, но крагната и краевите на ракавите се портокалови и токму тие нови детали предизвикаа негодување кај многу поддржувачи.

Цената на овие дресови ќе биде 120 евра, но лошо ќе биде ако овој дрес не е популарен кај тие што ќе треба да го купат. Многу фанови коментираат дека првпат кога го виделе дресот помислиле дека е дрес на Рома и дека „Најки“ не се потрудил баш многу, туку го „украл“ дресот на римската Волчица.

„Вратете ѝ ги дресовите на Рома“, напиша еден навивач кој за коментарот доби многу лајкови на социјалните мрежи.

Проценете сами дали новиот дрес на Ливерпул личи на тој на Рома:

- Оглас -

Најнови вести