Навивачите на Манчестер јунајтед се шокирани – Киксерот Мегваер останува капитен на гигантот

Ерик Тен Хаг објави дека Хари Мегваер ќе ја задржи капитенската лента и во идната сезона, што би значело дека ќе биде стандарден стопер во тимот.

Одлуката на Холанѓанецот е шокантна за навивачите на Манчестер јунајтед, бидејќи мнозинството симпатизери на Црвените ѓаволи не го сакаат англискиот репрезентативец.

Мегваер го чинеше Манчестер огромни 80 милиони евра при трансферот од Лестер во 2019 година, но воопшто не ги оправда очекувањата.

Стоперот правеше неверојатни киксови и е една од најслабите карики во тимот на најтрофејниот англиски клуб со 20 домашни титули.

Противничките навивачи му се потсмеваа на Мегваер, а незадоволни од неговите чудни реакции и огромни грешки во одбраната се и симпатизерите на Црвените ѓаволи.

Тен Хаг, кој ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед во новата сезона што почнува на 5. август очигледно верува дека Мегваер може да направи пресврт и му даде доварба да продолжи како капитен на тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести