Навивачите на Манчестер јунајтед слават: Хари Мегваер нема да игра до крајот на сезоната

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, има повреда на коленото и ќе мора да мирува во следните неколку недели. Според тоа, Мегваер нема да може да му помогне на тимот во последните четири кола од првенството во Премиер лигата.

Од клубот објавија дека Мегваер сигурно нема да игра на утрешното дерби против Челзи и дека без капитенот ќе треба да бидат до крајот на сезоната, во трката за место кое води излез во Европа.

Мегваер имаше очајна сезона во Манчестер и капитенот направи премногу грешки на повеќе мечеви, па се најде на „тапет“ кај навивачите. Најекстремните фанови дури упатија и закани за Мегваер, но фактот дека дефанзивецот ќе го нема во последните четири кола, ќе покаже дали слабата одбрана на Црвените ѓаволи е само поради капитенот или и поради другите одбранбени фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести