Навивачите на Манчестер не можеа да веруваат што прават новите засилувања Маунт и Онана (Видео)

Манчестер јунајтед победи со 3:1 против Ленс во првиот меч што англискиот гигант го одигра на свој терен во претсезонскиот термин. На овој дуел, деби на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер јунајтед имаа двете големи засилувања, голманот Андре Онана и англискиот репрезентативец Мејсон Маунт.

За Онана беа платени 55 милиони евра за да дојде од Интер, а трансферот на Маунт од Челзи вреди дури 60 милиони евра, па со право од овие двајца се очекува да бидат влијателни на теренот и да помогнат Манчестер да има подобри резултати.

Сепак, според тоа што го покажаа денеска на првиот меч, навивачите на Црвените ѓаволи не можеа да веруваат тоа што го гледаа од новите засилувња. Во 15 минута, Манчестер јунајтед направи одличен контра напад, Гарначо одлично асистираше до Маунт, а овој иако непречен од никого, од само пет метри успеа да ја промаши топката и не постигна гол.

Неколку минути по оваа очајна реакција во нападот на Маунт, следуваше уште пошокантна интервенција на голманот Онана, кога прими гол со шут од половина терен и тој погодок може да го видите ТУКА.

На „Олд Трафорд“ денеска беше преставено и третото големо засилување Расмус Хојлунд, кој во Манчестер јунајтед дојде за сума од 83 милиони евра од Атланта. На крајот, навивачите на Манчестер јунајтед сепак се радуваа и тоа благодарение на головите на Рашфорд во 49 минута, Ентони во 53 минута и Касемиро во 59 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести