Милан ги разочара своите навивачи на „Сан Сиро“ откако одигра само 1:1 против Салернитана во меч од 26-тото коло на Серија А. Росонерите се надеваа дека со победа ќе се искачат на второто место на табелата, а вака сега се на четвртото место со два бода помалку од нивниот градски ривал Интер.
Милан поведе со 1:0 пред крајот на првиот дел, а гостите израмнија во средината на второто полувреме. Росонерите потоа тргнаа со сите сили во напад да постигнат втор погодок, а најголемата шанса ја имаа во 88-мата минута.
Радоста на домаќините за втор погодок, кој најверојатно ќе беше и победнички, ја спречи фудбалер на Милан. Дефанзивецот Кaлулу тргна пред противничкиот гол, се најде буквално пред гол-линијата кога падна, а топката која требаше да заврши во мрежата на Салернитана, удри во неговата рака и на неверојатен начин спречи радост на Росонерите.
Целата оваа неверојатна ситуација може да ја видите ТУКА.
Kalulu che la “salva” dalla loro riga di porta 😭pic.twitter.com/ZDr6xiEais
— M4rk (@M4rkPhilips) March 13, 2023