Ромелу Лукаку со приватен лет од Брисел до Рим треба да стигне во главниот град на Италија и веднаш ќе се упати во клиниката „Вила Стјуарт“ за да ги помине медицинските прегледи како последна формалност пред да потпише тригодишен договор со Наполи.
Лукаку кратко ќе се задржи во Вечниот град, потоа ќе замине во Неапол, а можеби и ќе тренира со Наполи попладнево.
Се очекува Лукаку во дресот на Наполи да дебитира со Парма в сабота вечер од 20.45 часот.
Фановите на Наполи се нетрпеливи и чекаат трансферот да биде потврден, па некои од нив се собраа пред клиниката во Рим, за први да го поздрават новото засилување.