Навивачите на Наполи со порака од која сите се наежија, се победници на денот!

Наполи го победи Торино со 2-1, но она за што сите зборуваат вечерва е содржината на транспарент кој беше истакнат на трибина каде што се фановите на тимот чиј член е Елиф Елмас. Навивачите на клубот од јужниот дел на Италија покажаа невидена солидарност со сонародниците од северот. Фановите од северна Италија во минатото вадеа навредливи банери дека наполитанците се болни од колера, но сепак навивачите од Неапол во овие денови не сакаат да ги навредат ривалите.

„Во трагедии нема ривалство, заедно против коронавирусот“ – порачаа фановите на Наполи и предизвикаа големо внимание.

Костас Манолас го постигна својот трети гол сезонава, и ова е негова најефикасна сезона откако е во Италија, а Гркот во Серија А настапува шест сезони.

Тренерот Џенаро Гатузо направи четири измени во однос на дуелот со Барселона, но нашиот Елмас повторно беше на клупа. Вечерва тој влезе во игра во 84-та минута при 2-0.

- Оглас -

Најнови вести