Навивачите на Порто им честитаа титула на – судиите

Бенфика ја освои титулата во португалското првенство, клубот од Лисабон освои 87 бода, два повеќе од Порто, а фановите на вицешампионот не можат лесно да се помират со судбината.

На мечот Порто – Спортинг Лисабон, навивачите на трибините на „Драгао“ извадија големо знаме со ликовите на 11 судии облечени во дресови на Бенфика. Со тоа, сакаа да испратат порака дека најголема заслуга за титулата на лисабонските „орли“ немаат фудбалерите, туку официјалните лица.

- Оглас -

Најнови вести