Навивачите на Реал го потсетија Гвардиола со неговата изјава којашто сега го „прогонува“ (ВИДЕО)

Два дена по сензационалната елиминација на Манчестер сити од Реал Мадрид, реакциите не стивнуваат.

Навивачите на Кралскиот клуб овојпат го потсетија Пеп Гвардиола на неговата изјава од 2018 година, каде што вели дека само Баерн Минхен, Јувентус и Барселона се најдобри тимови во последната декада. Навивачите на Реал Мадрид на социјалните мрежи со насмевка реагираат на оваа изјава.

„Најдобрите тимови во последната декада се Баерн Минхен, Јувентус и Барселона бидејќи тие освојуваат секоја година титули.

Останатите, пак, и не се толку силни“, изјави своевремено Гвардиола.

Јасно е дека тогаш Гвардиола се обиде да го потцени Реал, којшто во изминатата декада освои дури четири титули во Лигата на шампионите, додека во финалето против Ливерпул ќе атакува на 14-тиот трофеј во најелитното клупско фудбалско натпреварување.


- Оглас -

Најнови вести