Навивачите на Ријека во Сплит пристигнаа со брод, беа навредувани, одговорија со ракети (Видео)

Динамо Загреб ја освои шампионската титула во хрватското првенство, па вечерашното финале на Купот помеѓу Ријека и Хајдук, е многу важно за двата тима во кои има по еден македонски интернационалец.

Ријека е официјален домаќин, но средбата се игра на „Пољуд“ во Сплит, и јасно е дека Билите ќе имаат поголема поддршка од трибините.

Навивачите на Ријека, популарната Армада, во Сплит стигна со голем брод, и тоа предизвика тензии.

Поддржувачите на Хајдук им се закануваа со смрт, дури и ги навредуваа ривалите и на национална основа, ги нарекуваат Срби, иако и тие се Хрвати. Од друга страна, фановите на Ријека испукаа неколку проектили со сигнални пиштоли.

- Оглас -

Најнови вести