Навивачите на Селтик не виделе полош пристап до стадион од овој во Сараево (Видео)

Шкотските навивачи во голем број допатуваа во Сараево да го бодрат својот Селтик во мечот од квалификациите за Лигата на шампионите, а кога тргнаа да се запознаат со околината и пристапот до стадионот „Aсим Ферхатовиќ Хасе“, познат како Кошево, ги дочека непријатно изненадување.

Пристапот до гостинската јужна трибина во најмала рака е чуден, обраснат со трева и ограден со ограда. За да стигнат до трибината, навивачите на Селтик треба да одат од салата Зетра низ висока трева, па го снимија „патот“ и шкотските медиуми го искористија тоа за да се шегуваат и да ги потценуваат Босанците.

Дуелот почнува во 19.45 часот, еден од главните играчи на Сараево е нашиот Крсте Велковски, а гостите ќе имаат поддршка од неколку стотини фанови.

Погледнете низ што треба да поминат Шкотите за да стигнат до својата трибина:

- Оглас -

Најнови вести