Навивачите на Шалке го пријавиле судијата во полиција поради два недосудени пенали

Баерн Минхен одигра добар меч и славеше на гостувањето кај Шалке со 3:0, но мечот неочекувано доби нова кулминација. Навивачите на домашниот тим беа незадоволни од судењето и сметаат дека екипата од Гелзенкирхен е оштетена со недосудување на два пенали.

Посебно спорна е ситуацијата кога бекот на гостите Павард очигледно играше со рака во својот шеснаесетник, но арбитерот воопшто не сакаше да побара помош од ВАР-технологијата. Фановите протестираа, но сега решија да одат и чекор понапред.

Неколку фанови решија да одат во полиција и да ги пријават судиите на теренот, како и оние судии кои биле во ВАР-собата, за измама. Причина е двата недосудени пенали во корист на Шалке. Сега е редот на полицијата да го истражи случајот.

 

- Оглас -

Најнови вести