Навивачите на Тотенхем ја згрозија јавноста, палат дресови на Кристијан Ериксен

Данецот Кристијан Ериксен се договори да премине во Манчестер јунајтед и само се чека официјална потврда на трансферот, а тоа многу налути дел од навивачите на неговиот ексклуб Тотенхем.

Пред една година, Ериксен колабира на терен, имаше срцев застој и за малку ќе починеше. Полека им се врати на тренинзите и мечевите, во дресот на Брентфорд покажа дека тоа што има дефибрилатор во срцето, не значи дека заборавил да игра фудбал. За него се интересираа големи клубови, а Ериксен реши да премине во Јунајтед.

Одлуката на Ериксен да оди во Манчестер, ги разбесни фановите на Тотенхем, а некои од нив отидоа најдалеку со омразата, па дури и запалија негов дрес. Ериксен од 2013 до 2020 играше за лондонските Петли.

Манчестер јунајтед не е најлутиот ривал на Тотенхем, плус тоа во минатото имало играчи како Керик и Бербатов кои од таму заминувале во Манчестер, па необјаснив е пироманскиот потег.

 

- Оглас -

Најнови вести