Навивачите на ЦСКА Софија донираа пари за спас на Левски, но сумата е „спектакуларна“

Навивачи на софиската ЦСКА од фракцијата „Офис бојс“ се пошегуваа со кампањата за спасување на клубот Левски. Досега преку донации собрани се околу 150.000 евра за помош на Сините, а „придонес“ дадоа и ривалите. Објавена е уплатницата со која фановите на ЦСКА биле „великодушни“ кон Левски и му помогнале со уплата на цела една стотинка (стоти дел од Лев), што е околу 0,3 денари.

На уплатницата се гледа дека во банката платиле 4 лева провизија, што е далеку повеќе од стотинката за помош на Левски.

„Од срце! Се надеваме дека им помогнавме, и им посакуваме уште долго време да нè радуваат!” – порачаа фановите на Црвените.

- Оглас -

Најнови вести