Навивачите на Вележ го повторија комитскиот подвиг на Вардар

Навивачите на Вележ од Мостар го повторија комитскиот подвиг на симпатизерите на Вардар, во помал обем, но значаен за клубот, откако купија 11.500 билети за мечот со Борац Бањалука, иако не можеа да присуствуваат на дербито во БиХ.

Вележ за кој игра и нашиот интернационалец Константин Чешмеџиев бие битка за титулата, иако по ремито со Борац, 1:1 шансите им се намалија, а навивачите на популарните „Роѓени“ приредија супер гест.

Интересно е што стадионот во Мостар на кој како домаќин игра Вележ има капацитет од 7 илјади места, па навивачите со купените 11.500 билети го надминаа капацитетот.

Сличен подвиг приредија и навивачите на Вардар, предводени од „Комити“ и за дуелот со Пелистер во првото пролетно коло од нашата Прва лига сезонава продадоа околу 30 илјади билети, со што беа собрани над 50 илјади евра како помош за клубот што е во огромни финансиски проблеми.

 

- Оглас -

Најнови вести