Навивачите не го послушаа апелот на ФФМ: На еден час до почеток на средбата стадионот е речиси празен

Нема дилеми дека арената „Тодор Проески“ вечерва ќе биде исполнета со последно место на дуелот меѓу Македонија и Англија, но факт е дека на малку повеќе од еден час до почетокот, трибините се речиси празни.

Од Фудбалската федерација на Македонија вчера апелираа до навивачите да дојдат порано за да се избегне метежот, но очигледно е дека навивачите не послушаа.

Од ФФМ најавија дека вратите ќе се затворат на 30 минути пред почетокот на мечот, но со ова темпо на полнење на трибините тешко дека тоа ќе се случи.

- Оглас -

Најнови вести