Навивачите не успеаја уште еднаш да им помогнат на децата на Хајдук да триумфираат во младинската ЛШ, младинците на АЗ со нова петарда ја потврдија доминацијата (Фото)

Фудбалерите на АЗ Алкмар до 19 години ја освоија титулата во младинската Лига на шампионите откако во финалето со 5:0 го совладаа Хајдук.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1650556223874379791?s=20

На младите фудбалери на Хајдук, во Женева, каде што се играше финалето во младинската ЛШ, не им помогнаа ниту неверојатните навивачи, дури 7.000 фанови беа присутни на трибините и ги бодреа младите играчи на Билите.

Фудбалерите на АЗ Алкмар доминираа во текот на целиот натпревар, а резултатот успеаја да го отворат во 45-тата минута преку Адаи од пенал. Холанѓаните победата ја заверија во последните 20 минути, кога постигнаа уште четири гола. Поку во 70-тта и 76-тата минута постигна два гола, а последните два беа дело на Мердинк, и тоа во 79-тата и 87-мата минута.

Младинците на АЗ Алкмар убедливо беа најдобри сезонава во ЛШ и во нокаут-фазата имаат неверојатен скор 19:2. Прво со 5:0 го совладаа Ајнтрахт, потоа Барселона со 3:0, па Барселона со 4:0, додека во полуфиналето го совладаа Спортинг со 3:2, и тоа преку пенал-рулетот за фантастичната сезона да ја завршат со петарда против Хајдук.

Младите фудбалери на Хајдук, носени од навивачите во нокаут-фазата, беа подобри од Шахтар (1:0), Манчестер сити (2:1), Борусија Дортмунд (2:1 на пенали) и Милан (3:1).

- Оглас -

Најнови вести